Мицкоски тврди дека не е точно дека италијанските власти му реагирале на Чулев за акцијата за кокаинот

0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека не е точно тврдењето на дополнителката заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска, дека италијанските власти му реагирале на министерот Наќе Чулев за издавање информации во јавноста за акцијата за заплена на кокаин во селото Крушопек, општина Сарај.

„Акцијата се случи по три години мораторим во борбата со криминалот и кокаинот. Тоа е информација од заменичката Петровска, но ако ги прашате нашите сојузници во Италија ќе добиете поинаков одоговр од тоа што именуваната го изјавува на ‘360 степени – рече Мицкоски на денешната прес-конференција.