Можен застој во производството на LCD панели и нивно поскапување поради Коронавирусот

Со оглед на тоа што на сите ни е јасно колкав процент од производството на многу производи е во Кина, не изненадуваат најавите дека епидемијата со коронавирусот која започна токму во оваа земја, може да предизвика проблеми во производството кои би се почувствувале на светско ниво.

Минатата недела излегоа тврдењата, кои сепак не се потврдени, дека Apple ќе има проблеми со производството на доволна бројка на iPhone 11 телефони, а и дека ќе дојде до одложување на претставувањето на неофицијално најавениот поевтин iPhone модел кој наводно треба да биде претставен во март.