Над 50 лица повредени во Германија откако автомобил влета во карневалска поворка

0
113

52 лица, меѓу кои и 18 деца, се повредени откако маж со автомобил влета во карневалска поворка во градот Фолкмарсен, во западна Германија. Пријавено е дека 35 лица се потешко повредени, а 17 полесно. Инцидентот се случил вчера.

Според медиумите во Германија, 29-годишниот Германец, е уапсен под сомнение за обид за убиство, но не бил во можност да биде сослушан од полицијата бидејќи се здобил со повреда на главата.