Неколку лица се заканувале на вработените на скопска клиника

Неколку лица се заканувале на вработените на една од скопските клиники.

Вработена во Ургентен центар – Неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во саботата во пролиција пријавила нарушување на јавниот ред и мир од неколку лица кои дошле на клиниката.

Тие се однесувале агресивно и им се заканувале на вработените. Полициски службеници излегле на местото и е констатирано дека станува збор за лицето Љ.Н. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова не е прв ваков случај. Напади и навреди кон медицински лица имаше лани, но и оваа година.