Новиот Закон за заштита на личните податоци во собраниска процедура со европско знаменце

0
110

Новиот Закон за заштита на личните податоци е во собраниска процедура по скратена постапка и со европско знаменце. Предлог-законот е на разгледување и пред Законодавно-правната комисија. Целта на предложеното законско решение е усогласување со европската регулатива.

Во рамки на Европската Унија е донесена Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот за заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци и слободното движење на овие податоци и за укинување на Директивата 95/46/ЕЗ (Општа регулатива за заштита на личните податоци).