Петровска за чизмите: Спасовски требаше да го расплеткува Гордиевиот јазол од ВМРО-ДПМНЕ

ополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровка му порача на министерот Наќе Чулев дека како технички министер треба да биде свесен за сопствената лична и политичка одговорност и дека има обврска пред сите граѓани, а не само пред менторите во партијата.

Ваквата реакција од Петровска следува откако Чулев денеска на прес-конференција го обвини неговиот претходник, премиерот Оливер Спасовски, дека одобрил набавка на 3 000 чизми кои не исполнувале 4 критериуми за квалитет.

„За каква злоупотреба зборувате, господине Чулев?! Тогашниот министер Спасовски ја донел единствената можна и законска одлука, со што ги елиминирал сите непринципиелни и непрофесионални игри на МВР во односот кон економските оператори и го заштитил министерството и државата од ситуација во која ќе отплаќа милионски суми за казни поради незаконското работење на партиските војници на ДПМНЕ во МВР и воедно да го започне процесот на подигање на стандардот и подобрување на социоекономската положба на полициските службеници“

вели Петровска.