Четворица полициски службеници се повикани на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврдија. Неофицијално, полицајците се повикани да дадат исказ под сомнение дека оддавале тајни податоци, прибавени од посебни истражни мерки. Според одредени информации станува збор и за нелегалното објавување на снимката во врска со случајот „Поткуп“, во кој, наводно, е вмешан лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Од Јавното обвинителство не потврдуваат за какво дело станува збор и велат дека се работи за предистражна постапка и дека полициските службеници се приведени на разговор, а не се уапсени. По информациите дека полиските службеници се наводно од тимот на Наќе Чулев, а вработени во Бирото за јавна безбедност техничкиот министер за внатрешни работи се огласи со демант на својот фејсбук профил.