Помпео: САД и Талибанците ќе потпишат мировен договор на 29 февруари

Мировниот договор меѓу САД и Талибанците, кој ќе го отвори патот за повлекување на американските трупи и водење преговари во Авганистан, треба да биде потпишан во Доха на 29 февруари, објави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

Помпео посочи дека претходно во сила ќе стапи договорот, потпишан од двете страни, за намалување на насилството во траење од недела дена.

Помпео рече дека мировниот договор на крајот ќе доведе до постојан прекин на огнот, пренесува АП.