Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Гевгелија.
„Притворот беше побаран бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, како и можност тој да се обиде да ги сокрие трагите од кривичното дело, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да го повтори делото“, велат од Обвинитестото.