Проектот за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ повторно се нуди на странски инвеститори

0
115

Проектот за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ повторно се нуди на странски инвеститори, соопшти Владата. Станува збор за јавно приватно партнерство каде претставник на државата ќе биде АД ЕСМ. ЕСМ се обврзува да го изгради пристапниот пат до електраната, приклучокот на мрежата, односно трафостаницата и хидроелектраната „Тиквеш“ додека а приватниот партнер ќе треба да ги обезбеди предвидените 570 милиони евра за изградба на електраната со што ќе добие концесија за управување во траење од 60 години.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски изјави дека „Чебрен“ ќе има моќ од 333 мегавати и годишно производство од илзјада гигават часови електрична енергија или една четвртина од годишно производство на ЕСМ. Јавниот повик ќе биде отворен до 3 април, а според техничкиот премиер веќе седум странски фирми покажале интерес и ја подигнале претквалификациската документација.