Разбојник со нож во рака ограбил обложувалница

Грабежот се случил во локал на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Дваесет и осумгодишен жител на Скопје заработи обвинителен акт од Основното јавно обвинителствоза кривично дело разбојништво.

Според обвинителниот кат, тој на 20 септември минатата година влегол во обложувалница на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, носејќи кујнски нож со сечиво од 15 сантиметри во десната рака.