Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека сумата за обнова на неговата земја по ноемврискиот земјотрес собрана на донаторската конференција вчера во Брисел многу ги надминала сите очекувања. По завршувањето на донаторската конференција Рама и изрази голема благодарност на претседателкaта на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „И 40 насто од собраната сума би бил успех – ова е волшебно“, изјави Рама откако на конференцијата „Заедно за Албанија“ беа собрани милијарда и 150 милиони евра.