Ранет полицаец во Велес, напаѓач му го зел пиштолот и пукал неколкупати во него

Полицијата трага по еден од четворицата напаѓачи кој денеска претпладне го повреди полицаецот во Велес, пред цркавата „Св.Спас“ кај градските гробишта. Останатите тројца напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани е вон животна опасност.

Полицаецот Е.М.(46) бил повреден со неговиот службен пиштол кој напаѓачот што е во бегство му го одзел и пукал во него, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.Инцидентот се случил додека полициски службеници преземале службени дејствија и биле физички нападнати од четирите лица.