Рачно изработено оружје пронајдено кај кумановец

0
91

Рачно изработена направа за испукување и куршуми биле пронајдени во дом на кумановец.

СВР Куманово поднесена кривична пријава против Д.С.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 14.11.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени девет куршуми од различен калибар, рачно изработена направа за испукување и кутија со 50 куршуми калибар 7,65 мм.