„Рекет“ – пуштени снимките од домот на Камчев

0
107

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 на почетокот на денешното рочиште побара одложување поради здравствени причини. Тој се пожали на болки и кажа дека има рак на желудник. Судијата му одговори дека ќе повика итна помош, на што Јовановски рече дека не сака бидејќи тие само ќе му дале дијазепам и потоа нема да може да го следи судењето. Судијата, сепак, реши судењето денеска да продолжи.

Пред почетокот на рочиштето, Јовановски на висок тон и се обрати на обвинителката Вилма Русковска по што обезбедувањето реагираше и го изнесе од судница. Отакако ситуацијата се смири, а судечкиот совет влезе во судницата, Јовановски беше вратен, а рочиштето почна. На него се презентираа снимките од домот на Јордан Камчев снимени од неколку различни камери во неговата куќа на која се гледаат Јовановски и Милевски. Истите снимки јавноста можеше да ги види и во објавата на италијанскиот медим Ла Верита.