Пораки меѓу пратеничката Фросина Ременски и Боки 13 се дел од доказите за случајот Рекет. Во два наврати комуницирале преку апликацијата „вацап“. Првиот пат на 24 декември 2018-та, во време кога жалбата за притворот на бизнисменот Орце Камчев беше во скопска апелација. Пратеничката напишала кога ќе се одлучува за жалбата и кои судии ќе одлучуваат.
Фросина Ременски: Моите информации се дека утре Апелација ќе одлучи за притвор на Орце. сафет, Цветанка Периќ, Јани Нича наводно утре ќе одлучуваат провери го ова.
Бојан Јовановски: Не
Фросина Ременски: Дај боже
После подолг период, односно лани летото таа повторно му пишува дека на седница пратеникот Антонио Милошоски поставил пратеничко прашање за Коки. Одговарал Заев, а таа се чуди на ова.