Сасоли од Тирана: Албанија и С. Македонија заслужуваат отворање преговори со ЕУ

Албанија и Република Северна Македонија заслужуваат почеток на преговори со ЕУ. Процесот за членство треба да започне. Кажаното „не” на преговорите е разочарување и за граѓанското општество и за нас.

Ова е јасната порака која од Тирана ја упати претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, од заедничката прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама.