СДСМ обезбедува правда за сите, ја гарантираме европската иднина

Со носењето на Законот за јавно обвинителство се постави основата за неселективна правда и за правосудство кое ќе гарантира одговорност и казнивост за секој што го прекршил законот.

Oгромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Желбата и потребата од правда ја победи алчноста за крадење народни пари.

Со овој Закон се гарантирана судска разрешница на сите започнати судски процеси и случаи иницирани од СЈО кои ќе се водат врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази.