Стотина гости во шпански хотел во карантин

Стотина гости, сместени во хотел на шпанскиот остров Тенерифе ќе останат во изолација во следните 14 дена откако кај еден од гостите од Италија е потврден коронавирусот.

-Уште две лица од десетчлената група италијански туристи се позитивни на коронавирусот. Останатите, како што покажуваат тестовите, се негативни, истакна претставникот на регионалната влада, Марија Тереза Крус Овал.