Сѐ уште не е јасно како Северна Кореја единствена го избегна коронавирусот

Си-Ен-Ен пишува дека не е јасно како Севернокорејците единствени успеале да го избегнат вирусот и додаваат дека земјата или имала среќа, или не се целосно искрени, или пак ја користи предноста од тоа што е „затворена“ нација.

Од моментот кога смртоносниот коронавирус се појави во кинескиот град Вухан, речиси секоја држава и територија во источна Азија потврди за случаи на заразени. Сепак, меѓу нив не е Северна Кореја.

Една од најсиромашните земји на светот, според официјалните податоци, успеа да го избегне вирусот, и покрај фактот дека се граничи со Кина, во која од новиот коронавирус починаа повеќе од 600 лица, а заразени се повеќе од 31.000, наведува Си-Ен-Ен.