Тепачка меѓу ученици во „Марија Кири Склодовска“, рането 18 годишно момче

0
114

При тепачка меѓу ученици попладнево во дворот на училиштето Марија Кири Склодовска во Скопје, со остар предмет е рането 18 годишно момче. Станува збор за ученик од ова училиште. Како што се дознава, во тепачката учествувале околу 10 лица кои потоа побегнале кон булаварот Србија. Повредениот ученик е префрлен во Ургентниот центар на клиниката Мајка Тереза.