Трета пресуда за „Змиско око“: Четири ослободителни и 42 условни казни за обвинетите

Претставувајќи ја како една од најмасовните акции, на крајот на 2007 година МВР започна со апсења во случајот „Змиско око“, а денеска, по 13 години, по третпат беше соопштена првостепена пресуда за 46 лица во Основниот кривичен суд во Скопје. Лицата се гонеа дека формирале злосторничко здружение кое не издавало фискални сметки за патарини, а парите потоа организирано ги делеле.

Претходно, Апелација двапати ја укинуваше пресудата од Кривичен и го враќаше случајот на повторно судење.

Денеска, соопштија од Основниот кривичен суд, со пресудата за 46 лица, четворица добиле ослободителна пресуда, а 42 условни казни.