Три лица хоспитализирани во Косово под сомнение за корона вирус, едниот од Кина

0
150

На инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово денеска, под сомнение дека се заразени со корона вирусот, се хоспитализирани едно лице по потекло од Кина и две лица кои допатувале од Италија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори од болницата за порталот „Газета експрес“ изјавија дека 28-годишниот кинески државјанин нема нагласени симптоми на болеста која потекнува од неговата земја, меѓутоа по изразените сомневања и загриженост тој самиот се јавил на инфективната клиника.

Покрај Кинезот, во приштинската болница се примени и 27-годишна жена која студира во Пjаченца, во близина на Рим и 39-годишен маж кој работи во Милано.