Утрешниот ден 25.02.2020 ќе биде ден на жалост на територијата на општина Куманово, одлучија денеска едногласно членовите на Советот.
Со ова утре ќе бидат прекинати сите културни активности и манифестации во оваа општина, а знамињата ќе се спуштат на половина копје.
За почит кон настраданите од експлозијата на плинска боца во куќа во селото Романовце, членовите на советот, на предлог на градоначалникот, одржаа минута молчење.