Уште еден крузер во карантин: Повеќе од 1.800 луѓе останаа „заробени“ на брод бидејќи кај тројца е откриен коронавирус

Повеќе од 1.800 патници и членови на екипаж на курзер се тестираат во Хонгконг откако некои членови на екипажот пријавиле дека имаат висока температура, а кој тројца кои претходно патувале откриен е новиот коронавирус, пренесуваат светските медиуми.

Крузерот „World dream“ застана во Хонгконг, откако во вторникот му беше одбиен влез во тајванското пристаниште Каохсиунг и сега се наоѓа во карантин, додека сите на бродот се тестираат за новиот коронавирус.

Едно лице е спроведено од бродот и пренесено со возило на Итната помош.

Откриено е дека три лица од континентална Кина кои се качиле на крузерот од 19 до 24 јануари го имале вирусот, соопшти здравственото одделение од Хонгконг.