ЧЕТВОРИЦА СКОПЈАНИ ПРЕТЕПАЛЕ ЧУВАР – се инервирале оти ги пријавил

Четворица скопјани претепале чувар затоа што ги пријавил за нарушување на јавниот ред и мир. Тој завршил дури и на клиника од повредите што му биле нанесени.

„На 22.02.2020 во 04,20 часот на автобуска постојка во населба “11-ти Октомври“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода ги лишиле од слобода С.Т.(24), А.К.(18), Ф.В.(18) и Н.М.(21) сите од Скопје бидејќи физички го нападнале Д.Б(44) од с.Студеничани, скопско вработен како чувар на објект во изградба, нанесувајќи му тешки телесни повреди, бидејќи истиот во 02,40 часот ги пријавил дека го нарушуваат јавниот ред и мир. Д.Б. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.