Шекеринска: Граѓаните нема да не судат според знамињата!

Членството во НАТО не е само да гласаш ратификација, туку и да гласаш закони кои доведоа до ратификација.

Ова денеска го порача министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по повод ратификацијата на протоколот за НАТО.

„Јас робувам на обврските. Стигнавме далеку бидејќи покажавме дека знаеме да направиме план. Да објаснам дека е неодговорно да се манипулира со законот за одбрана. Ние како држава треба да влечеме лекции од нашите порази и успеси. Членството во НАТО не е само да гласаш ратификација, туку да гласаш закони кои доведоа до ратификацијата. Граѓаните нема да не судат според знамињата, туку според политичката волја и одлуките. Информациите од Шпанија за ратификација на протоколот за првата половина од март“, порача Шекеринска.