Шилегов ги критикува ЈО и ДИЖС по скандалот со медицинскиот отпад

Целосно неприфатливо е однесувањето на двете одговорни институции – Јавното обвинителство и Државниот инспектрат за животна средина. Педесет дена да молчите, притоа надлежниот државен инспектор за животна средина баш на 12 декември, бидејќи снимањето на градскиот инспектор било приметено од чуварските служби, на 10 кон 11 декември вечерта. Веројатно на 11 декември се чисти се и баш на 12-ти прават вонреден надзор на кој му издаваат документ дека се било во ред. И сега Градот треба да излезе виновен за тоа што пријавил? Да сум им јас претпоставен, ниту обвинителката ќе беше денеска обвинителка, ниту инспекторот ќе беше денеска инспектор.

Овие критики на денешната прес-конференција ги упати градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кон ЈО и Државниот инспекторат за животна средина во врска со случајот што градскиот инспекторат го пријави во обвинителството за фирмата „Еко-клуб“ од Битола.