Јанкуловска сведочеше за случајот „Монструм“: Секоја информација се проверуваше

Гордана Јанкуловска, Љупчо Тодоровски Радникот и Синиша Алексовски ќе даваат исказ како сведоци повикани од обвинителката Фатиме Фетаи во предметот „Монструм“.

Поранешната министерка за внатрешни работи сведочеше како била известена за настанот и иницијалните чекори во истрагата.

Вечерта кога се случи настанот, практично во доцните вечерни часови, добив известување од Центарот за известување состојби на вообичаен начин, како и за сите настани преку смс со крсток опис што е пријавено и кога е пријавено. Истовремено добив телефонски повик од тогашниот командант на Алфите Ивица Анчевски и ми ја даде истата информација. Во таа прилика го прашав дали тоа е информација од ДОЦ или од терен ја добил. И колегите од тоа подрачје преку радио врска известиле за настанот кој што се случил. А, потоа следеа и серија повици од старешини, сведочеше Јанкуловска.

Побарав од Анчевски-Пуки да оди на лице место и да ме информира што гледа и што е релевантно да ми соопшти, продолжи таа, додавајќи дека потоа телефонски разговарала и со Љупчо Тодорвски, тогашниот директор на БЈБ со кој се согласиле за целосна мобилизација на полицијата, одлука која била според правилникот за работа на полицијата.

Беше ден пред празник со споени денови и направивме напори сите кои се на располагање да дојдат на работа и да се започне со активности, рече таа.