Јовановски: Рускоска ја сметам како адвокат на две мафии

Бојан Јовановски пред Апелацискиот суд остро ја нападна обвинителката Вилма Рускоска дека тој имал намера да избега и оти не го нашле во библиотека.

-Јас седум месеци трпам тортура а и Рускоска не ја сметам за надлежен обвинител туку како адвокат на две мафии -рече Боки.

Според него, претставува дискриминација аргументот дека тој нема основано семејство и оти тоа е негово право.

-Јас немам основано семејство, но сум член на трочлено семејство како син единец-рече Јовановски.