Александрова: Новиот закон е решение за негативните последици кои би произлегле од нестручното ракување со прислушуваните материјали

0
78

 

Бурно во Собранието, бурно и во Владата. Конечно стигна законот за ЈО и на комисиска расправа, на оваа тема говори гостинката во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Емилија Александрова, пратеничка од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Синоќа во касните часови помина потребата за донесување на новиот закон за ЈО и воедно беше и закажана Комисијата за европски прашања која е едниствено надлежна да расправа по овој закон. Во деловникот е предвидено максимум три дена да расправа по овој закон за ЈО. Многу е битно дали ќе има и колку амндмани би имало. Но три дена се определени да се заврши расправата без оглед колку амндмани се поднесени. Јас немам информации дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани но знаат да изненадат со илјадници амандмани- вели Емилија Александрова, пратеничка од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.