Алијансата за Албанците ќе испрати финална понуда до Алтенратива и БЕСА за коалиционирање

0
79

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, после состанокот на Централното претседателство на партијата, изјави дека до партијата Алтернатива и Движењето Беса ќе достават уште една понуда за заедно да настапат на изборите на 12 април.

– Ставот на Алијансата е повеќе од јасен од почеток. Овој став датира уште на времето на локалните избори, вториот круг. Кога сме пружиле рака и кажале било кога да се изборите ние влегуваме во коалиција со таа партија, која што за жал сега е поделена на две политички партии. Ние писмено ќе се обратиме до тие политички актери за кои сме кажале дека сме подготвени да коалиционираме, ќе чекаме нивен одговор во рок од 48 часа, за да излеземе и пред јавноста да ги информираме сите детали – изјави Села.