Алијанса за Албанците ја обвинува ДУИ за неуспеси во текот на владеењето

0
74

Алијанса за Албанците ја обвини ДУИ за неуспеси во повеќе области во текот на владеењето. Според оваа партија, потфрлиле реформите во судскиот систем, правичната застапеност, образованието, економијата… Освен тоа, од Алијансата потсетуваат дека ДУИ застанала во одбрана на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Трајко Вељановски и другите осомничени за 27 април.

„Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за просторно планирање на раководно ниво и понатаму имаат 0% Албанци, а 100% Македонци, тоа е благодарение на ДУИ. Врховниот суд има 88,9% вработени Македонци, 0% Албанци, Државниот завод за статистика 90% Македонци и само 3% Албанци. Институтот за стандардизација, 100% Македонци, 0% Албанци. Ниту управите и министерствата не ја почитуваат соодветната застапеност на Албанците каде отприлика, ако ги собереме сите, внесувајќи ги и манипулациите со етничката застапеност, излегува дека само 12% од вкупниот број на вработени во јавната администрација се Албанци…“-изјави Флакрон Беџети- Алијанса за Албанците.