Амбасадорот на САД во БиХ: нови санкции ако се поткопува Дејтон

0
124

Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина Ерик Нелсон изјави дека на српскиот член во Претседателството на БиХ Милорад Додик му го пренел ставот на САД дека мора да се почитува територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ. „Ултиматумите и блокадите на се добар начин за напредување на земјата“, изјави тој, наведувајќи дека со Додик разговарал за потенцијалните последици на активностите со кои се поткопува дејтонскиот мир. Според него, решенијата за различните ставови во врска со Уставот на БиХ треба да се бараат во парламентот. Додик деновиве се закани дека Република Српска ќе ја напушти БиХ.