Апсење во Гази Баба и Кисела Вода- три лица приведени

0
82

Три лица биле приведени од страна на скопската полиција и тоа во Гази Баба и Кисела Вода поради поседување на дрога и оружје.

Имено синоќа во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода Д.Ф.(31) и С.Ч.(19), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Нешто подоцна во 01 часот и 45 минути, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода извршиле преглед кај Д.К.(30) од Скопје и пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.