Ахмети за “Монструм”: Баравме судењето да се повтори, бидејќи плативме најголема политичка цена

0
74

Побаравме да се повтори овој судски процес бидејќи ние како политичка партија плативме највисока цена за овој случај и ако не се расветли како што треба ќе има последици, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по сведочењето во судот за случајот “Монструм”, за петкратното убиство кај Смичковски езеро.

-Побаравме повторување на овој процес, повторно судење затоа што судовите и обвинителството беа многу чувствителни осетливи, ранливи и целата јавност беше во необјаснета ситуација вклучително и сеемјствата кои ги загубија своите блиски во овој трсгичен настан, вклучително и тие што беа осудени. И ние силно баравме ова судење да се повтори со докази со меѓународно мониторирање. Тоа го побаравме и од Брисел и од Вашингтон овој процес да се мониторира. Брисел и Вашингтон ни рекоа дека веруваат во мониторирањето на ОБСЕ. Пред се, ние сакавме вистината дс излезе на виделина и да триумфира правдата, само така можат да најдат мир тие кои ги загубија своите најмили, но и не со секој услов да се инструментализира еден виновен туку тој што го има сторено делото и да одговара, да нема селективна правда. Ваквите случаи нас не примораа да размислуваме на ветинг во судството, рече Ахмети.