Аљаска: Се урна патнички авион, петмина загинати

0
116

Мал патнички авион со петмина луѓе во него под непознати околности се урнал во Аљаска. Загинале сите петмина, јавува „Ројтерс“.

Несреќата се случила на 430 милји од Енкореџ. Авионот летал од Бетел до Кипнак, на брегот на Беринговото Море, соопштиле од Федералната авијација.