Боки 13 за сведок го повика сопругот на Фросина Ременски

0
78

Боки 13, останува во притвор, одлучи судечкиот совет кој го суди случајот „Рекет“. На минатото рочиште тој од судиите побара да излезе од Шутка, но неговото барање беше одбиено како неосновано.

Денешното рочиште за „Рекет“ се одолжи. Требаше да сведочи бизнисменот и екс-градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, но поради деловни обврски во Бугарија тој во судница не се појави.

Освен него, на списокот сведоци на Боки се и сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, потоа стилистот Сергеј Варошлија, но и Дејан Панделевски, син на бизнисменот Цветан Панделевски кој е осомничен во „Империја“ за перење пари. Судењето продолжува утре.