Бошкоски по втор пат сведочеше во „Тортура“

0
80

Денеска пвторно сведочеше лидерот на Обединети Љубе Бошкоски во судскиот предмет „Тортура“. Во судница настана тензија кога адвокатите на Мијалков го прашаа Бошкоски – дали е точно дека во медицинскиот картон не е констатирана повреда на неговиот образ за која Бошкоски кажа дека бил од пиштол кој на неговото лице го вперил еден од обвинетите. Бошкоски реагираше затоа што повторно требаше да потсетува на бруталниот третман.

„Сaкам да кажам дека кога се навраќам на таа тортура се нервирам и повторно се враќам во мрачно време“, рече Љубе Бошкоски, оштетен во „Тортура“.

„Ние само сакаме да го замолиме Советот, сведокот да одговоара конкретно. Не навлегуваме во неговите емоции. Доколку има такви проблеми може да ги реши на друго место, овде не е местото. А, за траумите има и психијатри“, рече Сашо Мијалков, обвинет во „Тортура“.