Брегзит – битка за иднината

0
98

По истапувањето на Велика Британија од ЕУ, премиерот Борис Џондон најрадо би го извадил зборот „Брегзит” од вокабуларот на Британците. Неговиот тим за преговорите во Брисел го прекрсти во „Taskforce EU” (Работна група ЕУ), министерството за Брегзит веќе не постои. Од граѓаните бара да гледаат напред. Но, тоа што ќе може да го видат во следните 11 месеци е борбата на преговарачката маса. По разијдувањето, сега се дефинираат идните релации меѓу ЕУ и Велика Британија, а фронтовите се веќе исцртани.

Трка со времето

Борис Џонсон не само што се заколна дека по ниедна цена нема да го продолжи преодниот период до крај на 2020, кога уште важи регулативата на ЕУ за Велика Британија, туку ветувањето го забетонира и во соодветен закон. Но, тоа е само гест кој во секое време би можел да го промени. Засега важи дека преговорите помеѓу британската „Taskforce’“ под водство на Дејвид Фрост и ЕУ под водство на Мишел Барние, се трка со времето.