Брегзит не ги загрозува односите Скопје – Лондон

0
93

Заминувањето на Велика Британија од Европската Унија не ги поткопува добрите односи меѓу Скопје и Лондон. Британската амбасадорка вели дека Велика Британија ќе продолжи да биде стратешки партнер на Македонија и дека ќе продолжи да ја поддржува евроатлантската перспектива на земјава, како што досега ја поддржуваше и покрај тоа што повеќе нема да е членка на Унијата.

Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме евроатлантската интеграција и ќе бидеме вклучени во градењето стабилно, просперитетно и инклузивно општество. Важно е да се каже дека ќе ја напуштиме ЕУ, но остануваме постојана членка на Советот за безбедност на ООН, остануваме во НАТО, Г7, Г20, ОБСЕ, Комонвелтот, во Петте држави, така да Северна Македонија ќе продолжи да има силен партнер во сите овие организации“-изјави Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во Скопје.