Бројот на жртвите од експлозијата на плинска боца во Романовце се искачи на пет

0
78

Почина и петтата жртва од експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце. 36 годишната девојка три дена се бореше за својот живот во ургентиниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Не успеа да се спаси затоа што степенот на изгореници од 80% предизвикал други компликации на виталните органи.

Ургентен центар „Мајка Тереза“

„Денеска околу 13 и 20 минути и покрај максималните напори на лекарскиот тим, како последица на сериозни повреди, што лекарите сметаа дека се инкомпатибилни со живот, почина 36 годишната пациентка. Состојбата на останатите двајца пациенти останува критична каде и двајцата, 45 годишната жена и 50 годишниот маж, се наоѓаат на апарати за вештачко дишење.“