Ваљдете и дала на тетка си 12.000 евра за погреб- нови детали за полицајката која го уби целото семејство

0
125

Новите информации кои албанските медиуми на Косово ги изнесуваат, откриваат дека полицајката Валдета Блаца, која со службениот пиштол ги усмртила родените браќа и родителите во Гњилане, во време меѓу убиството на блиските и нејзиното самоубиство, ја спречила тетка и и нејзиниот син да влезат во куќата и да ги затекнат телата.

Да ги одврати од влегување во куќата, таа рекла дека членовите на нејзиното семејство се зафатени, а дека таа брза.

Валдета, која со по два истрела од пиштолот ги убила браќата Блерим(33) и Фисник(34), од кои едниот спиел, а потоа и родителите, мајката Ханифа(66) и таткото Зеќир(70), била со сама со нивните тела во куќата неколку часа.

Кога на вратата затропала нејзината тетка, Валдета плашејќи се дека ќе ги види телата на нејзините блиски, ја избркала велејќи дека домашните се зафатени, а дека таа брза. Ја затворила вратата, а кога тетка и и нејзиниот син почнале да се одлачуваат слушнале уште еден истрел. Тоа бил моментот кога Валдета си пресудила на себе. Веднаш повикале полиција која затекнала страшна глетка.