ВИДЕО: Автобус падна во река во Индија, најмалку 24 загинати

0
85

Најмалку 24 луѓе загинаа денеска откако автобус кој пренесувал свадбена поворка паднал во река на западот на Индија, соопшти локалната полиција.

Возачот изгубил контрола над автобусот откако му пукнала една гума.

Петмина преживеани се хоспитализирани.

До несреќата дошло во близина на Кота, околу 500 километри јужно од Њу Делхи.