ВИДЕО: „Заев не бил само премер, туку и Врховен судија“ – ВМРО-ДПМНЕ објави „бомба“

0
73

Од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски објави нова прислушкуван разговор кој рече дека го добил од укажувач.

На објавениот разговор се слуша гласот на Зоран Заев, за кој Антонио Милошоски вели дека сега веќе нема потреба да се потврдува дека тоа е неговиот глас, бидејќи за првообјавениот разгвор исто од страна на Милошоски, Заев од Прилеп потврди дека се работи за неговиот глас

Милошоски тврди дека според разговорот Заев бил во тесна координација со екс-шефицата на СЈО, Катица Јанева. Милошоски додава дека оваа снимка укажува на тоа зошто на Заев му се брзало да го донесе законот за ЈО, за во иднина сите овие „бомби“ да не може да бидат докази.