Вирусот на расизмот позаразен од коронавирусот

0
76

Во обид да се спасиме од заразата, наместо да се отвориме кон светот, сѐ повеќе си го затвораме умот и срцето. Така паѓаме двојно болни, што од коронавирусот, што од вирусот на омразата. Пишува Ивор Мицковски.

Првата поголема епидемија во ерата на социјалните мрежи создаде глобална психоза или како веќе се нарекува – вистинска „инфодемија“ на дезинформации и лаги поврзани со коронавирусот, но и нов подем на неорасизмот на Западот.

Дури ни малата и периферна Македонија, далеку од глобалните текови и без поголема азиска или кинеска заедница во земјата, не остана имуна на расистичкиот и ксенофобен изблик на омраза.

Токму преку социјалните мрежи бевме сведоци како наш сограѓанин, во центарот на градот, на неколку метри од нашето МНР, наидувајќи на неколку луѓе од азијатско потекло, им се нафрла со навредливи и погрдни зборови. „Еј Коронавирус, мрш од тука. Да бе е*** во уста короништа едни“.