Владата пак по свое – поништени решенијата и на министерката Мизрахи

0
82

Владата со опструкција на дополнителните министри предложени од опозицијата. Ги поништи решенијата и на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, донесени во периодот од 21 до 31 јануари, со кои се опфаќаат решенија за овластување и потпишување, како и решенија за плати и за распоредување. За опструкција во работата на министерството уште на 20 јануари предупредуваше Мизрахи. Од нејзиниот кабинет преку соопштение тогаш се пожалија дека дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, креира упад во нормалното работење на министерството и вон законски ја блокира неговата работа.

Но, не се поништени само решенијата на Мизрахи. Претходно Владата поништи цели 89 решенија на министерот Наќе Чулев. И двете поништувања се изведени без подетални образложенија од владата на техничкиот премиер Оливер Спасовски. За владината одлука, министерот Чулев, рече дека владата со одлука може да поништи пропис или акт на МВР, кој не е во согласност со Уставот и законите, но не и конкретно решение за распоредување на работникот. Поради ова Чулев ги врати решенијата на прераспоредените работници во МВР кои на 6- ти и 7-ми овој месец добија нови позиции по негова наредба.