Владата поништи 89 распоредувања на Чулев во МВР

0
80

Решенијата за распоредување во Министерството за внатрешни работи кои беа донесени деновиве од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, вчера беа поништени.

Како што соопшти владината прес служба, вчера на седница на Владата била усвоена одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донел Чулев на 6 и 7 февруари оваа година.

Чулев е министер од трети јануари 2020 година во владата која треба да ги подготви изборите договорени за 12 април 2020 година. Владата по вчерашната седница не ги прецизираше причините поради кои ги поништи распоредувања што ги направи Чулев.