ВМРО-ДПМНЕ останува во Собрание

0
82

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ остануваат во Собранието – ова е една од одлуките кои проширениот ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја донел на синоќешниот состанок.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачуваат дека „партијата ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во, како што велат, одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата“.

Во партиското соопштение од седницата на Извршниот комитет се наведува дека се расправало за актуелната општествено политичка состојба и подготовката на партијата околу предвремените парламентарни избори. На состанокот неофицијално, можеле да се слушнат спротивставени ставови во врска со дилемата да се остане или не во Собранието.