ВМРО-ДПМНЕ: Скандалите и криминалите на функционерите на СДСМ, Зоран и Вице Заев нема да останат неказнети

0
72

Криминалите на СДСМ излегуваат на виделина. Секојдневно граѓаните се сведоци на низа скандали кои ја тресат владата на СДСМ. Радмила Шекеринска, министерката за одбрана е вмешана во уште еден сомнителен тендер, каде што постои сомнеж за проневера на буџетот од над 250.000 евра. Една машина грејдер модел ГР 1605 во Србија чини 108.000 евра, а Шекеринска во Македонија го набавува за 232.426 евра.

Згора на тоа на повидок е нов бонбона бизнис. СДСМ на 50-тина дена пред избори го раскрчмува Тиквешко езеро и целиот воден фонд на Црна Река. Се отвора можност концесијата на Црна Река во целост да потпадне кај приватен партнер близок до СДСМ.

Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во случајот „Рекет“. Со ова само се докажува дека Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет“. Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет.